Kривопаланчанец возел со 2,14 промили алкохол во крвта без возачка дозвола, и се претставил како вработен во АНБ
16.04.2025 11:38
| KumanovoNews
Полицијата ноќеска во 02.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје го привела Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .
„Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

