Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка , кој го фати светиот крст во водите на Крива Река за празникот Водици, ја подари наградата што ја доби од општината на мало детенце со посебни потреби.
Водици, ја подари наградата што ја доби од општината на мало детенце со посебни потреби.
Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот Сашко Митовски, му го однесоа подарениот телевизор на 6-годишниот Атанас Ангеловски и го изненадија за неговиот роденден.
„Хуманостa и добрината се одлика на човечноста. Во пресрет на 6-тиот роденден на Атанас , кој од мал се бори со животните предизвици, го посетивме во неговиот дом и покрај радоста што му ја приредивме, посакавме Бог да го благослови со здравје и безгрижно детство“, изјави градоначалникот Митовски.
Семејството Ангеловски се заблагодари што има добри и хумани луѓе кои се сетиле на нив и го израдувале нивниот мал син, како и на убавите моменти што ги приредиле во нивниот дом.