×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите од Североисточниот регион согласни за унапредување на етичката рамка и за независно новинарство

    25.03.2022 20:03 | KumanovoNews

    Новинарите и медиумските работници од Североисточниот регион денеска со членовите на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) одржаа онлајн состанок на кој се дискутираше за унапредување на етичката рамка во медиумите.

    Новинарите од Североисточниот регион согласни за унапредување на етичката рамка и за независно новинарство

    Извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева ја нагласи потребата од унапредување на етичката рамка и професионалните норми, кои значат прифаќање на одговорност кон јавноста и кон професијата. 

    „Тоа, во исто време, го заштитува и интегритетот на медиумите, особено во ек на кампањи со дезинформации“, истакна Тунева.

    Членот на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, Сефер Тахири истакна дека иако Кодексот на новинарите се однесува на сите новинари и се применува врз сите медиуми. 

    Тахири ги елаборираше сите членови на Кодексот, давајќи акцент на дополнителните насоки за известувањето на онлајн медиумите. Имено, тој истакна дека, меѓу другото, онлајн медиумите, треба да се залагаат за транспарентност, а и за одговорност во однос на објавувањето коментари од читатели.

    Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ истакна дека „досега се поднесени над 500 жалби од разни субјекти, што покажува дека саморегулацијата е препознаена како битен фактор за унапредување на медиумската сфера“. Адамчевски се заложи за подршка на саморегулацијата не само од медиумите, туку и од други општествени фактори, а особено од власта, која декларативно дава подршка на процесот.

    Во дискусијата се вклучија и новинари од Североисточниот регион.

    Неџат Аќифи укажа на сè позачестената практика на „наметнување“ на готови прилози до редакциите од разни институции во државата. „Оваа пракса води кон гушење на независното новинарство, гушење на новинарската креативност, како и новинарската критичност“.

    (Фото: СЕММ)