Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На вонредна седница Советот на Општина Крива Паланка донесе еногласна одлука за доделување на парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Доделенaта помош изнесува 100 илјади денари.
„Ниту еден од нас не треба и не смее да остане имун на катастрофалната несреќа со која народот во овие две држави се соочува. Свесни сме дека ништо не може да ги надомести изгубените животи, но согласно можностите на нашата мала општина и со отворени срца, со овој гест искажуваме сочувство и мал придонес за помош и санирање на материјалните штети“, рече градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.