×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Крива Паланка ќе ги субвенцира младите кои ќе купат велосипед

    08.02.2023 22:25 | Жаклина Цветковска

    Општина Крива Паланка ќе им надомести дел од трошоците на младите кои годинава  ќе купат велосипед,  со цел да ги стимулира да го користат ова превозно средство и да придонесат за почиста животна средина.

    Општина Крива Паланка ќе ги субвенцира младите кои ќе купат велосипед

    Мерката за која е донесена одлука на Советот на општината,  важи за  тековната 2023 година, а субвенционирањето изнесува 50% од вредноста на велосипедот, односно најмногу до 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
    „Младите лица  ќе бидат постојано информирани за искористеноста на предвидените средства. Надоместокот ќе се распределува  по принципот „прв дојден, прв услужен“,  се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на општината за 2023 година за оваа намена“, информираат од општината.
    Право на учество за субвенционирање на набавка на велосипеди имаат сите  лица на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Крива Паланка, од 01 јануари 2023 купиле велосипеди во државата. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.