Поставени нови садови за смет во Крива Паланка
22.04.2021 12:03
| KumanovoNews
Вкупно 30 нови садови за смет обезбеди ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка, кои се наменети за централното градско подрачје.
Садовите се набавени со сопствени средства на комуналното претпријатие за да се обнови комуналната опрема и да се заменат старите и оштетени корпи за отпадоци.
„Вкупно 20 садови за отпад се поставени во централното градско подрачје, долж главната улица „Свети Јоаким Осоговски“. Останатите 10 ќе бидат поставени на новиот Градскиот плоштад, откако ќе завршат градежните работи, вели директорот на ЈП „Комуналец“, Миле Марковски.
Во текот на пролетната сезона, се врши и уредување на дрворедот, како и хортикултурно уредување на јавните површини во централното подрачје и на други локации во градот.
(Ж.Ц.)

