×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Невестинско поклонение“ по 13-пат ќе се одржи во кривопаланечкото село Конопница

    20.02.2023 19:13 | Жаклина Цветковска

    Невестата од Галичка свадба 2022, заедно со нејзината свекрва, ќе учествуваат на 13-та традиционална  културна манифестација „Невестинско поклонение“, која ќе се одржи на 5 март 2023 година пред црквата „Свети Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница.

    „Невестинско поклонение“ по 13-пат ќе се одржи во кривопаланечкото село Конопница

    На оваа манифестација, која е вековен обичај на жителите од  овој крај,   учествуваат снаите кои се омажиле помеѓу две Тодорици, кои  со своите свекрви , облечени во народна носија, го изведуваат ритуалот на поклонување пред Св. Теодор Тирон - заштитник на родот и породот.

    „Засега имаме потврдено ексклузивно учество на снаата и свекрвата од автентичната манифестација Галичка Свадба,  а очекуваме потврда и од невестата и свекрвата од  Пијанечката свадба. Во невестинската поворка редовно се и локални учеснички, како и учеснички од регионот и од соседните земји. Ова практично значи поврзување на најпознатите брендови што ја негувааат традицијата на македонските свадбени обичаи  како Галичката и Пијанечката свадба со Невестинскито поклонение како манифестација која ги негува послесвадбените обичаи од нематријалното културно наследство“, вели идејниот творец Стојанче Величковски.

    На учесничките им се даваат поклоненички марами и со звукот на камбаните тргнува поворката  и поклонувањето пред Свети Теодор Тирон од каде ја примаат молитвата и благословот  за зајакнување на брачните врски и породот.

    Пријавувањето за Невестинското поклонение се уште е отворено, а сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиот број 070/321-234.

    Организаторите ги покануваат младите невести од кумановскиот крај кој се омажиле помеѓу двете Тодорици да земат учество на манифестацијата.