Мени

Тројца повредени во пожар во куќа во кривопаланечко

10.01.2026 12:09 | KumanovoNews

Три лица се повреден во пожар, кој синоќа во 18.30 часот избувнал во куќа во село Нерав, кривопаланечко.

 

Тројца повредени во пожар во куќа во кривопаланечко

Куќата e во сопственост на А.П. (52). 

„Во пожарот со повреди се здобиле Д.П. (34), А.П.(52) и С.П.(89), кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот“, соопшти МВР.

(фото. архива)