×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Услугите на ученичкиот дом во Драгоманце ќе ги користат 11 деца

    19.08.2024 15:54 | Оливера Пешевска

    Ученичкиот дом во селото Драгоманце во наредната учебна година ќе го користат 11 ученици поделени во две спални соби, машка и женска. Учениците се жители на Арбанашко, Степанце, Кокино, Пелинце, Дејловце, Бајловце.

    Услугите на ученичкиот дом во Драгоманце ќе ги користат 11 деца

    Подрачните училишта на централното „Христијан Тодоровски Карпош“ во Арбанашко и Пелинце имаат само одделенска настава, до завршување на петто одделение.

    „Нашите корисници се деца кои посетуваат настава од шесто одделение и постари. Но, имаме и првооделенче кое со постарата сестричка ќе престојува кај нас во домот. Во спротивно би требала сама да патува до училиштето во Арбанашко, вака ќе е згрижена на топло и сигурно, нема да патува во студените зимски месеци и под надзор на член од семејството“, објаснува директорката Бојана Арсовска Јовановиќ.

    Ученичкиот дом во склоп на училиштето има поставено нова ПВЦ столарија, средени спални и тоалети, има занимална каде децата ги завршуваат домашните задачи, соба каде го поминуваат денот во гледање телевизија или меѓусебни игри и забава, трпезарија и кујна. Прилично конфорно и топло, затоа што имаат инсталирано парно греење на пелети, но на залиха секогаш имаат дрва или мазут.

    Корисниците на услугите на домот се скромни, вредни и послушни деца, солидни ученици и нивните денови во текот на учебната година си поминуваат во најдобар ред.

    За жал, се помалку корисници ги користат услугите што домот ги нуди.

    „Имавме и по 40 деца, годинава само 11. Миграцијата во странство, но и во урбаните средини си го прави своето, има се помалку луѓе во селата. Ова учебна година потпишав 7 решенија со кои децата од овој реон смеат да се запишат во прво одделение во Куманово или Скопје. По списокот од МОН требаше да се запишат 11 ученици“, истакнува Јовановиќ.

    Според директорката бројката на новозапишани знае да варира со големи отстапки од година во година. Затоа и се надева дека од следната година ситуацијата ќе биде подобра.

    Во Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ се запишани 62 ученика.