×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вечер на осоговски песни во Крива Паланка

    01.07.2024 14:11 | KumanovoNews

    На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, со почеток од 20,00  часот , ќе се одржи традиционалната манифестација  „Вечер на осоговски песни 2024“.  

    Вечер на осоговски песни во Крива Паланка

    Осоговската вечер е посветена на  староградската музика  што ја негуваат друштвата  од земјата и од странство,  со цел зачувување на традицијата и културното наследство. Ќе бидат изведени автентични песни од повеќе региони, посветени на личности и случувања од градскиот  животот и минатото.

    Годинешни учесници на оваа традиционална манифестација се: Вокалниот  ансамбл „Еделвајс“ - Ќустендил ,  Бугарија, женската пејачка група „Ѓурѓа“ при Центар за култура Делчево,  Градскиот хор од Штип, „Табиет“ од Свети Николе, Кратовските тамбураши, „Распеани паланчани“ и КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка. 

    Организатор на  „Вечер на Осоговски песни“  е Националната установа Центар за култура од Крива Паланка, со поддршка  на Министерството за култура, а во рамките на „Кривопаланечко културно лето“ и „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

    Никола Митовски