×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Дневниот центар за лица со попреченост во Липково престојуваат 14 деца, а има место за 38

    03.10.2022 14:58 | Сузана Николиќ

    Во Дневниот центар за престој на деца со попреченост, во село Оризаре престојуваат 14 деца, а има капацитет да прими 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.

    Во Дневниот центар за лица со попреченост во Липково престојуваат 14 деца, а има место за 38

    Дневниот центар работи веќе една година, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка. Денеска центарот го посети министерката  за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.

    „Многу ме радува што гледам дека овој центар работи успешно и што навистина имаме неверојатен напредок кај децата кои престојуваат овде. Им честитам на целокупниот пероснал кој со својата посветена и стручна работа се грижат и овие деца со попреченост кои живеат во помалите населени места да добијат еднакви можности да се интегрираат во образовниот и општествениот живот“, изјави министерката Тренчевска.

    Со центарот управува здружението „Имаго плус“, чии вработени, кои поседуваат лиценци за ваков вид дејност, преку индивидуален пристап, обезбедуваат професионален и стручен третман за нега и рехабилитација на секое дете во центарот, подготвуваќки ги успешно да се  интегрираат во образовниот и општествениот живот. Услугата што ја добиваат децата во овој центар предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија која на децата им помага да го зачуваат и унапредат своето здравје и истовремено да го поттикнат нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој. Покрај тоа во овој центар се спроведуваат и стручни советувања и работилници за поддршка на родителите на децата.

    Липково беше една од општините која, во партнерство со здружението „Имаго плус“, аплицираше на првиот јавен повик и доби средства од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што овозможи да се воспостави и развие услугата нега за децата со попреченост кои живеат на територијата на оваа општина. 

    „Благодарение на блиската соработка со Министертвото за труд и социјална политика и Имаго плус успеавме, по повеќе од десет години, да го завршиме и активираме овој центар, со што и децата со попреченост од нашата општина почнаа да добиваат современ третман и неопходна грижа која секако ја заслужуваат“, рече градоначалникот Арифи.

    Здружението „Имаго плус“, кое управува со Дневниот центар во Оризаре, има повеќегодишно искуство во работата со деца со попреченост. Од неодамна овој центар ги исполни неопходните услови, со што финансирањето на социјалните услуги кое досега се реализираше преку Проектот, во иднина ќе продолжи да се реализира преку системот за централно финансирање од државниот буџет.

    Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што е еден од инструментите за поддршка на социјалната реформа која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега се поддржани 22 проекти во 27 општини ширум земјата. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица во нивните домови, додека останатиот дел се за услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, како и дневен престој, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани преку 300 лица, кои обездуваат соодветна грижа за околу 700 корисници.