Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дедо Мраз годинава во Крива Паланка ќе пристигне со хеликоптер.
Неговото „слетување“ е најавено за 30 декември, во 12 часот, на Градскиот плоштад, кога на радост на најмладите ќе им подели подароци и на оригинален начин ќе ја надополни новогодишна магија.
Покрај раскошно украсениот град, Општина Крива Паланка организира и богата новогодишна програма со многу настани, која започнува утре и ќе трае се до 31 декември.
Во пресрет на Новата 2023 година, кривопаланчани ќе ги забавуваат Тајфата, Браво бенд, ДНК, Слаткар, Артист бенд, Лозано, Брас Брадерс, Некст тајм, Пајак, а најмладите ќе уживаат во хитовите на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, Дајте музика и Дарко жонглерот.
Вечерта, на 31 декември, нема да има организиран дочек на Градскиот плоштад, а забавата продолжува во угостителските објекти и во семејните домови.