×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата инвестира близу милион евра за изградба и реконструкција на локални патишта во Липково

    17.12.2022 12:35 | Сузана Николиќ

    Владата во општина Липково инвестирала близу 1 милион евра за изградба и реконструкција на локални патишта.

    Владата инвестира близу милион евра за изградба и реконструкција на локални патишта во Липково

    Од вчера започна проектот за реконструкција на локалниот пат од гробиштата на село Липково во правец на ресторан „Фрескиа“. Средствата за негова реализација во износ од 795.000 евра се обезбедени од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски.

    „Проектот ќе опфати регулирање на атмосферската мрежа, тротоарите, јавното осветлување, изградба на заштитниот ѕид и целосното асфалтирање на патот“, соопштуваат од Министертсвото за политички систем.

    Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со министрите Бујар Османи и Јетон Шаќири, вчера беа во посета на Општина Липково, за да извршат непосреден надзор над реализацијата на значајните инфраструктурни проекти за жителите од овој крај, кои ги поддржа Владата. 

    „Посетата на општина Липково ја започнаа во село Отља, каде одблиску извршија надзор над завршениот процес на асфалтирање на локалниот пат во должина од 2 километри, инвестиција која достигна вредност од 190.000 евра обезбедена од Бирото за неразвиените подрачја и општина Липково“, се наведува во соопштението.

    Груби му честиташе на првиот човек на општина Липково, Еркан Арифи и неговиот тим за нивната посветеност да бидат во ефикасна служба на потребите на жителите, посака прогресивно продолжување на соработката на општината со Владата кон ефикасно исполнување на програмските цели за реализација на проектите за поквалитетен живот.

    На средбата беа и пратениците Арбер Адеми и Берат Дехари.