×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец ниже успеси во триатлон

    30.06.2015 10:26 | KumanovoNews

    Дваесет и едногодишниот Лука Гаревски од Куманово, студент на Факултетот за физичка култура и член на велосипедскиот клуб “Вело - М“, реди успеси и носи медали од европски и светски натпреварувања, а наредниот предизвик му е Европското првенство за триатлон, кој ќе се одржи на 10 јули во Женева, Швајцарија.

    Кумановец ниже успеси во триатлон

    Тој е единствениот кумановец кој активно се натпреварува во триатлон и дуатлон, бидејќи во Куманово овој спорт не е многу популарен. Но, Гаревски е задоволен што го претставува својот град и својата држава на големите и пестижнои натпреварувања.

    Триатлонот е олимписки спорт составен од 3 дисциплини. Олимписката дистанца е 1500 м пливање, 40 км возење велосипед и 10 км трчање. На нашите државни првенства натреварите се во „Спринт“ дистанца, која што е двојно пократка од Олимписката, односно 750-20-5км.

    Сè додека не е отворена сезоната за триатлон, се натреварувам и на дуатлон натпревари, кои што се одличен тренинг, искуство и проверка на нивото на формата пред главните натпреварувања. Разликата е во тоа што недостасува пливањето, т.е. сегментите се 5 км трчање, 20 км возење велосипед и повторно 2,5 км трчање едно по друго. Мојот прв контакт со триатлонот е точно од пред 7 години. Случајно настапив на државното првенство во Дојран, и сè уште истиот настан го паметам како најтежок и најболен до сега. Буквално немав идеја во што се имав впуштено - вели спортистот.

    Гаревски објаснува дека во триатлонот успех не се постигнува преку ноќ и потребно е да се вложи многу труд, да се биде упорен и редовно да се тренира.

    Во триатлонот не постои компромис. Според периодот од годината, вкупното времетраење на тренинзите изнесува од 3 до 6 часа дневно. Покрај фактот дека се работи за исклучително напорен спорт, како од физички, така и од ментален аспект, уште потешко е координирањето помеѓу трите дисциплини. Условите и финансиската побарувачка за сè да биде реализирано се сосема друга тема. Триатлонот според популарноста е најбрзо растечки спорт во светот. Искрено, верувам дека со вистинските услови  кои што се потребни, и раководството кое што го имаме, овој Олимписки спорт кај нас може да се искачи на значително високо ниво - рече Гаревски.

    Во последниве неколку години Гаревски има добиено над 30 награди на државни првенства за освоени 1,2,3 место во дуатлон и триатлон , и десетина врвни резултати од балкански, европски првенства и светски купови. И во натпреварувачката сезона 2015, Лука Гаревски ќе учествува на повеќе од десет натпревари во земјава и странство.