Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mатеј Митевски, од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, е еден од шестмината матуранти кои годинава освоија највисок број поени на државната матура.
Како што пренесува порталот Мета.мк на ранг-листата која ја изготвил Државниот испитен центар (ДИЦ), Митевски е најдобар по предметот македонски јазик и литература.
Најдобри резултати на државната матура постигнале и: Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, Едон Адеми од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, Чигдем Муарем од приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга, Ѓулен Јагмур од меѓународното училиште „Мариф“ од Тетово, како и Огнен Јосифовски од скопската гимназија „Орце Николов“.