×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мексиканско ќофте и ја донесе титулата вешта жена во Куманово

    06.04.2015 10:26 | KumanovoNews

    Подготвувајќи мексиканско пролетно ќофте и лесна торта, кумановката Грабиела Петровиќ, при крајот на март победи на манифестацијата Вешта жена за 2015 година во Куманово.

    Мексиканско ќофте и ја донесе титулата вешта жена во Куманово

    Со овие два специјалитети таа ги освои симпатиите на стручното жири, и ги воодушеви посетителите на оваа гастрономска манифестација. Иако прв пат учествува, Петровиќ освои награда и ќе го претставува градот на државниот натпревар “Вешта жена“ на 8 мај во Тетово.

    Се пријавив бидејќи ме наговорија пријателките, вешти жени, кои ги запознав на патување во Шпанија. Не очекував награда, едноставно сакав да учествувам и да се дружам. Бидејќи сега е пролет, жените направија специјалитети кои асоцираат на пролет или Велигден. Јас подготвив мексиканско ќофте, кое може да се служи со пире и со макарони. Многу е вкусно и го пофалија сите кои го пробаа. Во него се става пченка и црвен грав, тоа се плус состојки од она вообичаено ќофте. Кога ќе се помешаат зачините се добива специфичен вкус и дома често го правам - кажа Петровиќ.

    Петровиќ ужива во готвењето, и постојано истражува на полето на гастрономијата. Поготвува јадења како од домашната, така и од странските кујни. Меѓу омилените и се македонското тавче гравче, сарма, селско месо и други јадења. Јадењето освен што треба да биде вкусно, треба да биде убаво декорирано и целата маса да биде беспрекорно аранжирана, додава оваа вешта жена.

    Една вешта жена треба да поседува интересни идеи и она што ќе го зготви да биде примамливо за око. Секогаш добивам комплименти од домашните и од луѓето кои ми доаѓаат на гости. Јас сум самоука и земам рецепти, па нешто ќе преработам, ќе експериментирам. Не сум во работен однос и си наоѓам време за готвење. Сите жени кои убаво готват, треба да покажат што знаат и им препорачувам да се пријават на “Вешта жена“, за да се дружиме - рече Петровиќ.

    На 8 мај со истите специјалитети Грабиела Петровиќ ќе се натпреварува во Тетово, каде ќе има вешти жени од сите градови од Македонија и критериумите за избор на најдобрата вешта жена ќе бидат малку построги.