×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Постигнува успеси во филолошките науки, но одбра да биде информатичар- Матеј Митевски еден од најдобрите матуранти

    29.08.2023 11:32 | Оливера Пешевска

    Матеј Митевски,од Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово кој годинава  е еден двајцата најдобри матуранти по македонски јазик и литература и е меѓу 6-те најдобри во Македонија , иако постигнува одлични релултати во областа на филолошките науки, сепак претпочита во иднина да биде информатичар.

    Постигнува успеси во филолошките науки, но одбра да биде информатичар- Матеј Митевски  еден од најдобрите матуранти

    Тој не само што веќе ја избрал идната професија , туку и веќе се запишал на ввисокообразовната установа на која ќе го продолжи своето образование.

    „Се запишав на Американскиот колеџ во Скопје, на насоката за компјутерска наука, зашто сакам да го усовршам  англискиот јазик, а во меѓувреме читам на најраспространетиот светски јазик. Посебно во информатиката, ништо не можеш да направиш ако не знаеш англискиот перфектно. И програмите се пишуваат на тој јазик, кој во ова дигитално време стана универзален јазик, а подоцна и за вработување задолжително го бараат познавањето токму на англиски“, објаснува Матеј.

     Иако избрал да се здобие со интернационална диплома,за разлика од многу млади во денешно време, најпрвин ќе се обиде да изгради кариера тука во Македонија.Тврди дека не би заминувал,  освен само ако мора.

    „Зависи какви можности ќе ми се отворат овде, ,ако не тогаш можеби и би заминал од државата ,но тоа го оставам како последна  опција. Повеќе би сакал да работам во некоја канцеларија опкружен со колеги, каде се остварува и оној социјален момент и колегијалност. Знам дека последниве години е модерно т.н. работно номадство, особено за оние кои можат онлајн да работат.  Можеби и јас би ја испробал таа можност, сакам да шетам да запознавам различни култури и народи, ама дома си е дома“,  е ставот на Митевски.

    Тој објаснува дека татко му е дата аналитичар, занимање поврзано со информатиката и веројатно гледајќи од него уште како мал го привлекле компјутерите. Во основното образование учествувал на многу натпревари по математика, која ја вежбал и совладувал со мајка му, за која пак вели дека  му ги поставила основите.

    Затоа, успехот што го остварил по македонски јазик е затоа големо изненадување и за него и за луѓето кои го познаваат. Особено ако се знае  дека 15.620 матуранти ова година полагаат завршни испити и сите од нив имаат задолжителен испит по мајчин јазик, а голем дел и од изборните предмети ги одбираат странските јазици. Матеј знаел дека постигнал добар резултат,но не помислувал дека е најдобар во Македонија.

     „Верував дека на испитот ќе остварам добар резултат,затоа што вложив многу труд и знаев дека го владеам материјалот, но никако не помислив дека ќе сум најдобар во државата. Колку што знам од есејот имав многу бодови, што е големо изненадување за мене. Во текот на школувањето и немав забележителен успех со есеи, состави и слично.Но, на матурата имаше доволно време, некаде час,час и половина потрошив на него ,вложив многу труд, ми беше многу важно убаво да го осмислам и добро да го напишам, и се излезе и подобро од што се надевав“, истакнува осумнаесетгодишниот Матеј.

    Но, и покрај извонредните  резултати, младиот Митевски, смета дека државната матура како концепт треба да се напушти или да се смени нешто, а можеби и да се воведе приемен испит на факултетите.

    „ Сметам дека македонскиот јазик и литература или било кој друг мајчин јазик мора да остане како задолжителен, што би направиле понатаму во животот ако не си го знаеме сопствениот јазик Но, полагаме испити од кои на некого во понатамошното школување воопшто нема да му требаат.Затоа во овј дел можеби е потребна промена на коцептот“, потенцира Митевски.

    Матеј сака да чита,  но задолжителните лектири ги смета за товар,  а посебна аверзија има кон средновековни сонети или нешто слично. Претпочита и авантури, а една од книгите што ги препорачува е фантастичната фикција „Господар на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин, на кои можел да направи и споредба со филмуваната верзија на делото. Но, главно повеќе чита на англиски, отколку на мајчин јазик.

    Рекреативно,во слободно време, пак, се занимава со спорт, редовно се собираат со другарите на по некоја партија фудбал или кошарка. Настапувал и во претставата која матурантите на кумановската гимназија ја подготвија-„Тој моето срце чука за тебе“.

    „Не знам како, ама и таму се снајдов, и верувам дека создадов добар лик. Воедно имав можност и за креативно изразување, па тоа беше исклучително искуство за мене. Претставата на двапати се прикажуваше во Центарот за култура, имаше хуманитерен карактер што ми е особено драго“, вели сестраниот матурант.  

    Тој веќе се подготвува за на факултет. Официјално, наставата на колеџот започнува на 25-ти септември, но две недели порано  почнуваат со ангажмани, а во меѓувреме ужива во летото и во  слободно време пред да го започне академското образование.