×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна судењето на старецот што уби крадец

    26.02.2015 09:18 | KumanovoNews

    По две години, во Основниот суд Куманово вчера започна судењето против кратовецот што во својата куќа застрела двајца разбојници, од кој едниот го усмрти, а другиот рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат.

    Започна судењето на старецот што уби крадец

    Љубомир Митев (75) од селото Којково ќе одговара за три кривични дела убиство во миг, убиство во обид и недозволено држење на оружје, затоа што на 27 февруари 2013 години го уби Зоран Златков (28) од село Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки кои неколку часа ги измачувале со неговата сопруга за да им кажат каде ги кријат  парите. Вчерашното рочиште не се одржа и се презакажа 14 април, затоа што Љубомир не го примил обвинението и немал бранител, а не беше спроведен ни Иванов, кој одлежува казна затвор, пренесува весникот Вест.

    Обвинетиот вчера, надвор од судницата, се потсети на кобната вечер кога работите се одвивале како според филмско сценарио. Натрапниците насилно влегле во нивниот дом и почнале ѕверски да ги измачуваат сопружниците. Последиците ги чувствуваат и денеска, тој неможе да ја движи левата рака поради исчашеното раме, и има повреди на вратот, а неподвижната сопруга од стресот го изгубила говорот, целосно онемела. Покрај нарушеното здравје, изгубениот психички и семеен мир, Дедо Љубе жали што на стари години мора да се влечка по судови и да докажува дека е невин, бидејќи никогаш во животот не направил ни прекршок за да биде повикан во полиција а не во суд.

    Благодарен сум што воопшто останав жив. Тргнав голема мака, како Донче Штипјанчето. Ме мачеа најкрволочно и здравјето ми го уништија. Најмногу се исплашив кога ми рекоа:„Ќе ги дадеш парите или ќе ти ја запалиме куќата и ќе изгорите двајцата. Никој нема да верува дека некој бил, сите ќе речат стари луѓе се запалиле од невнимание„. Тогаш почнав да викам и да барам помош, но насилникот ми стави најлон во уста и ме турна на земја. Ме згазна со ногата на вратот, а лицето ми беше на камење, знаете какви се селските подови. Цел бев во крв, тогаш си помослив дојде судниот ден, моментот за умирање, - раскажува дедо Љубе.

     Откако го врзале, разбојниците отишле да ја претресуваат другата соба за да ги најдат парите, тој го искористил нивното невнимание за да се одврзе и да отиде по оружјето.

    Јажето со кое бев врзан беше меко, па успејав да ја извлечам десната рака. Влечејќи се отидов во подрумотот. Таму ја зедов старата пушка и божем само да ги исплашам. Ама левата рака неможев да ја мрдам, да ми беше здрава ќе беше друга работата. Тие ќе избегаа и никому ништо. Само со една рака, наместо погоре пушката ми се спушти подоле и го погодив. Ранетиот направи неколку чекори и се струполи на прагот. Пукнав уште еднаш, но другиот избега низ вратата. Многу ми е жал што мораше така да се случи-, вели потресено дедо Љубе.

    Старецот вели дека го спасила ловечката пушка која му останала од татко му, цел живот бил ловџија, а како минер во рудникот „Злетово„ имал искуство со динамитот. За оружјето и муницијата што му ја нашле во куќата тврди дека се работи за музејски примероци.

    Во планината секогаш е опасно, никогаш не можеш да знаеш што може да ти се случи. Има многу диви животни, но и крадци. Затоа и го чував оружјето. Тоа е многу старо, а дел и самиот го преправав. Порано одев во лов и бев страсен ловџија. На времето постојано добивав примерок од списанието „Ловец„ и знаев што се случуваше во ловството во поранешната држава. Еве овој број е од 1976 година, - ни покажува дедо Љубе.

    Од Обвинителството велат дека процесот започнува по две години, затоа што долго се чекало на вештечењето на оружјето од МВР, кое било пронајдено во домот на дедото, а се работи за неколку пушки, пиштол и разновиден арсенал на муниција.