Мени

Избрани најдобрите спортисти на Куманово за 2025 година

22.01.2026 11:42 | KumanovoNews

На традиционалниот избор на најдобрите спортисти на Куманово за 2025 година беа наградени поединци, клубови и институции кои остварија значајни резултати и го промовираа спортот во градот и надвор од државата.

 

Избрани најдобрите спортисти на Куманово за 2025 година

Признанието за спортист за 2025 година го доби Иван Крстевски од Футсал клубот „Форца“.

Општинскиот сојуз на спортови (ОСС) додели и награда во категоријата тренер на Газменд Хисеини од Футсал клубот „Форца“ во сениорска категорија и Јован Крстевски од Кик бокс клубот „Предатор“ во младинска категорија. 

За меѓународно успешен спортист беше прогласен Столе Димитриевски, а наградата за животно дело од областа на боксот му беше доделена на Ергин Салиевски, за долгогодишниот придонес во развојот на овој спорт. Плакета доби и Фудбалскиот клуб „Башкими 1947“ Куманово.

Во категоријата спортисти – младинци, беа наградени 12 млади спортисти од различни спортови.

Во рамки на манифестацијата беа доделени и признанија за образовните институции. За најдобри тренери, беа прогласени проф. Пера Цветковски од ОУ „Крсте Мисирков“ и проф. Сазан Љатифи од ООУ „Бајрам Шабани“. За најуспешни училишта  Гимназија „Гоце Делчев“ и ООУ „Крсте Мисирков“.

За спортисти – сениори, беа наградени 10 спортисти, како и ученици-спортисти кои успешно ги комбинираат образованието и спортот. Настанот уште еднаш ја потврди улогата на Куманово како град со силна спортска традиција и перспективна младина.

Сите наградени спортисти на Куманово за 2025 година

Тренер – голема плакета
1.    Газменд Хисеини – Футсал клуб Форца – сениорска категорија
2.    Јован Крстевски – Кик бокс клуб Предатор – младинска категорија

Клуб – голема плакета
1.    Фудбалски клуб Башкими 1947 Куманово

Спортисти младинци – средна плакета
1.    Кирил Анчевски – Велосипедски клуб Кросс Сајклинг Тим
2.    Ануар Имери – Боксерски клуб Фајтер Илери
3.    Григор Трајковски – Машки ракометен клуб Куманово
4.    Теодора Настова – Женски фудбалски клуб Речица
5.    Адис Мурати – Фудбалски клуб Башкими 1947
6.    Лина Аневска – Атлетски клуб Куманово
7.    Марио Пешевски – Атлетски клуб Куманово
8.    Михаил Стошевски – Атлетски клуб Куманово
9.    Наум Милановски – Кик бокс клуб Предатор
10.   Андреа Георгиевска – Кик бокс клуб Предатор
11.   Петар Станковски – Кик бокс клуб Предатор
12.   Христијан Вујичевиќ – Машки ракометен клуб Куманово

Најмлади спортисти – рамкa
1.    Оља Цветанова – Велосипедски клуб Кросс Сајклинг Тим
2.    Јаков Јакимовски – Пинг понг клуб Куманово
3.    Алексеј Стојановски – Тумба тенис клуб
4.    Јована Јовановиќ – Женски фудбалски клуб Речица
5.    Фјола Авдиљи – Женски фудбалски клуб Башкими
6.    Гзиме Хајрулаху – Женски фудбалски клуб Башкими
7.    Ведран Николовски – Атлетски клуб Куманово
8.    Меланија Станковиќ – Атлетски клуб Куманово
9.    Јана Анастасовска – Атлетски клуб Куманово
10.   Азем Аземи – Карате клуб Башкими 2002
11.   Ајан Муареми – Карате клуб Башкими 2002
12.   Ева Ангеловска – Танцов спортски клуб Динамик
13.   Христина Бојковска – Кик бокс клуб Предатор
14.   Нина Денковска – Кик бокс клуб Предатор

Спортист сениор – средна плакета
1.    Јован Паневски – Велосипедски клуб Кросс Сајклинг Тим
2.    Стефан Петровски (1991) – Велосипедски клуб Вело-М
3.    Александар Милошевски (2004) – Велосипедски клуб Вело-М
4.    Давид Димевски (2004) – Машки ракометен клуб Куманово
5.    Анѓела Петковска – Женски фудбалски клуб Речица
6.    Реџеп Мурати (2004) – Фудбалски клуб Башкими 1947
7.    Теа Алексoвска – Атлетски клуб Куманово
8.    Дијана Вукановиќ (2004) – Атлетски клуб Куманово
9.    Мурсел Мисини – Карате клуб Башкими 2002
10.   Елена Давитковска (1994) – Клуб за спорт и рекреација на инвалиди Куманово

Спортист сениор – голема плакета
1.    Иван Крстевски – Футсал клуб Форца

Меѓународен успешен спортист – голема плакета
1.    Столе Димитриевски

Награда за животно дело од областа на бокс – голема плакета
1.    Ергин Салиевски

Основни училишта
Најдобар тренер – средна плакета
1.    Проф. Пера Цветковски – ООУ „Крсте Мисирков“
2.    Проф. Сазан Љатифи – ООУ „Бајрам Шабани“

Најуспешно училиште – средна плакета
1.    СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
2.    ООУ „Крсте Мисирков“

Ученици-спортисти – рамка
1.    Михаил Стошевски – атлетика, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
2.    Михаела Домазетовиќ – пливање, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
3.    Лана Спасовска – футсал и атлетика, ООУ „Браќа Рибар“, Табановце
4.    Михаил Анѓеловски – кошарка, ООУ „Крсте Мисирков“