×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарките на Куманово не го одиграа првиот натпревар во новата сезона, клубот останал без пари

    14.10.2024 11:33 | Оливера Пешевска

    Женскиот кошаркарски клуб „Куманово- Гризли“ не се појавија на првиот закажан натпревар против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, поради што изгуби со службен резултат од 20:0 за скопјанки.

    Кошаркарките на Куманово не го одиграа првиот натпревар во новата сезона, клубот останал без пари

    Причина се немањето на финансиски средства, поради кои не се обезбедени лекарски потврди за девојките. Ситуацијата со клубот е неизвесна и доведен е во прашање нејзиниот опстанок.

    „Немаат спонзор како минатата сезона, а и ваучерите од Агенцијата за млади и спорт не се наплатени две години по ред. Ова не е ексклузивно за тимот на ЖКК „Куманово- Гризли“, сите клубови кубурат токму поради ваучерите. Најлесен и наједноставен начин е да се најде спонзор кој финсиски ќе го поддржува клубот“, истакна Александар Крстевски, од Секторот за спорт во Општина Куманово.

    На сајтот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) нема ниту едно име во одделот за регистрирани играчи во клубот, или за тренерите и стручниот штаб. За сите други тимови такви податоци се достапни и транспарентни. Затоа останува нејасно дали воопшто постои тимот, кој членува во него и дали ќе продолжи со сезоната 2024/2025. На социјалните мрежи, пак единствено е објавено дека за тимот потпишала Милица Јовановиќ, информација од пред 5 недели. Други неофицијални податоци не постојат ниту на официјалните профили на клубот.

    Минатата сезона клубот заврши како трето пласиран во Прва А лига за жени. Според Програмата за спорт на Општина Куманово за фискалната 2023 година клубот доби 300 илјади денари од локалниот буџет, за да за тековната година тој буџет е три пати поголем и изнесува 900 илјади денари. Според надлежните тоа се доволни средства за едномесечна плата на само еден играч.

    Според календарот викендов екипата е слободна, а првиот нареден меч е закажан за 26 октомври, на гости против тимот на „Бадел 1862“. До тогаш многу работи со ЖКК „Куманово- Гризли“ би требало да станат појасни.