×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Фидан Арсовски по 7 пат ќе го трча ултрамаратонот за Тоше oд Нова Градишка до Крушево

    14.10.2022 15:05 | Оливера Пешевска

    Младиот атлетичар, Фидан Арсовски, кој е тренер во АК „Куманово“, оваа година по 7 пат ќе учествува на на ултрамаратонот кој по 15-ти пат се организира во чест на Тоше Проески, и се трча од Нова Градишка до Крушево.

    Кумановецот Фидан Арсовски по 7 пат ќе го трча ултрамаратонот за Тоше oд Нова Градишка до Крушево

    Маратонот почнува денеска /петок/ во 16.30 часот од пред споменикот на Тоше во Нова Градишка, Хрватска, а ќе учествуваат 12 атлетичари од Македонија.

    „Треба да истрчаме околу 820 км од местото каде што загина Тоше до неговото родно место и вечно почивалиште Крушево. Сите сме горди на овој подвиг. Се очекува на одредиштето да пристигнеме на 16 октомври, некаде напладне. Со овој ултрамаратон ние му одаваме почит  на нашиот Тоше Проески, кој беше голем музичар, хуманитарец, морален идол на младите, човекот кој ги обедини луѓето од поранешна Југославија“, изјави Арсовски.

    На ултрамаратонот ќе учествуваат и: Никола Ѓелов, Александар Митревски, Тодор Анчев, Јангел Малинов, Филип Филповски, Велко Лозановски, Дејан Ангеловски, Филип Василевски, Димитар Ристовски, Дејан Јованов, Ангел Делик и Наум Капрически.

    Организатори на настанот се Град Нова Градишка, Туристичкиот одбор на Град Нова Градишка и НУ „Спомен домот на Тоше Проески“, заедно со техничкиот организатор Наум Капрически.

    Тоше загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка додека патуваше за Загреб.