Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово реагираше на најавата на натпреварот против Чаир 2030, сакајќи да го дообјасни изборот на терминот за одигрување на овој натпревар.
Многу негативни реакции стигнаа на наша адреса одкако во најавата за почетокот на новата сезона, терминот за одигрување на натпреварот беше опишан како "шпански". Изборот да играме во 14:00 часот е поради заштеда на електрична енергија, што е и препорака на Владата - изјави спортскиот директор на клубот Дарко Петковски.
Тој посочува дека во текот на сезоната треба да очекуваме дека сите екипи ќе ги закажуваат своите домашни натпревари во попладневните часови.
Оваа пракса ние сакаме да ја започнеме веднаш, и најавуваме дека во слични термини ќе играме во текот на целата сезона. Сакаме да покажеме општествена одговорност и да ги почитуваме препораките во овие кризни времиња. Не знам зошто ова наиде на негативен прием, кога како што и стои внатре во текстот, ова е долгогодишна пракса во најсилните првенства во Европа - додаде Петковски.
Во спорната најава стои дека "првиот натпревар се игра во недела, во термин кој е посвојствен за шпанската „Ендеса“ кошаркарка лига отколку за прволигашката кошарка."
На крај Петковски ги повика љубителите на кошарката да дојдат и да му пружат подршка на тимот во новата сезона.