×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подмладокот на португалскиот гигант Порто викендов на турнир во Куманово

    03.10.2024 12:14 | KumanovoNews

    Од утре до сабота во Куманово ќе се одржи вториот дел од турнирот Еуроспорт Куп на кој ќе учествуваат фудбалери родени во 2013, 2015 и 2017 година. 

    Подмладокот на португалскиот гигант Порто викендов на турнир во Куманово

    „Овој викенд ќе празник на фудбалот во нашиот град. Со својот подмладок ќе учествуваат екипите : Порто од Португалија, Чукарички, Црвена Звезда, Младеновац, Престиж Врање од Србија, КХС од Малта, КСВ Анкерброт од Австрија, Хлапетата, ЦСКА Софија и ВИР Академија од Бугарија, Нуртепе од Турција како и сите најдобри фудбалски школи од Македонија. Ги повикуваме љубителите на фудбалот да дојдат на стадионот и Арена Еуроспорт во Куманово и да ги проследат натпреварите на овој исклучително силен турнир каков што ретко се гледа во Македонија“,  велат организаторите од ФК „Еуроспорт“ Куманово.

    Пред две недели се одржа првиот дел од турнирот на кој викендов учествуваа најдобрите екипи во Европа како Бешикташ, Динамо Загреб и Црвена Звезда.