×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Куманово немоќни против Алкалоид, убедлив пораз на домашен терен

    07.03.2025 12:07 | Оливера Пешевска

    Ракометарите на МРК Куманово не успеаја да им парираат на гостите од Скопје и претрпеа убедлив пораз од РК Алкалоид со 27:41, во натпревар од 21. коло на Суперлигата.

    Ракометарите на Куманово немоќни против Алкалоид, убедлив пораз на домашен терен

    Средбата во салата на економското училиште „Перо Наков“ помина во знакот на тимот на Кирил Лазаров, кој од самиот почеток наметна темпо што домашните не можеа да го следат. Веќе на полувреме Алкалоид имаше комотна предност од девет гола (10:19), а гостите не попуштија ниту во вториот дел, задржувајќи ја контролата врз играта до самиот крај.

    Кај Куманово најпрецизен беше Фелипе Џанкарло Хен со девет погодоци, додека кај Алкалоид Александар Петковски блесна со 13 гола.

    Ова беше 16. пораз за МРК Куманово во сезоната, а тимот останува на 9. место на табелата.

    Следува пауза поради Европската недела на ракомет и квалификациските натпревари на репрезентацијата. Кумановските ракометари следниот предизвик го имаат на 23 март, кога гостуваат кај Радовиш.