Македонија во незгодна група Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година доби незгодна група за квалификациите за Европското првенство во 2013 во Израел, на денешната ждрепка во Нион, седиштето на УЕФА
Младите шахисти со успешни резултати Во второто полугодие продолжува со работа Школата за млади шахисти, која работи во состав на Градскиот шаховски клуб Куманово. Младите шахисти редовно учествуваат на сите натпреварувања каде што постигнуваат значајни резултати.
Балканска група за кошаркарските репрезентативци Вчера во главниот град на Литванија Вилнус, беа извлечени групите за престојното Европско кошаркарско првенство која оваа година од 31.август до 18.септември ќе се одигра во Литванија.
Одкажан натпреварот со Пелистер Кошаркарите на Куманово службено го добија натпреварот против Пелистер. Поради финансиски проблеми, битолчани не се во можност да допатуваат на утрешниот натпревар во Спортската сала.
Македонија во футсал со Либија Mакедонската фудбалска репрезентација во футсал патува за Либија каде во главниот град Триполи на 29 и 30 јануари ќе одигра две контролни средби со домашната селекција на Либија.
Меси доби казна поради честитка Лионел Меси заработи парична казна од 2500 евра. Шпанската фудбалска федерација го казни играчот на Барселона одкако по постигнување на голот од пенал, го подигна дресот а на неговата маица пишуваше Среќен роденден, мамо (Feliz Cumple, mami).
Арсенал прв финалист во Карлинг-купот Фудбалерите на лондонски Арсенал ќе имаат шанса по петгодишен голем пост конечно да се засладат со еден трофеј, откако синоќа го обезбедија финалето во Карлинг купот на Англија
Куманово испадна од Куп натпреварите Кошаркарите на Куманово се вратија дема со уште еден пораз. На гостувањето во Кавадарци, Фени уште еднаш покажа дека е далеку поквалитетен противник од Куманово. Конечниот резултат беше 107:69.
Профил на европски фудбалер - повисок, побрз и постар! Европските фудбалери во просек за да играат врвен фудбал се постари т.е. поискусни, и се повисоки и побрзи, покажува студијата на професионалната Опсерваторија за фудбалери, која соработува со ФИФА и на годишно ниво ги изработува истражувањата, а која ја побива Барселона.
Фудбалот ќе доживее радикални промени? Бројните поплаки за згуснатиот календар во тековната година од сите инволвирани структури во фудбалот, од играчите, трнерите, клубовите, па до селекторите, најверојатно ќе издејствуваат промена на календарот со кој фудбалот ќе доживее радикална промена
Куманово - Фени 64:91 Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз од двомечот што треба да се одигра во четврт-финалето на Купот на Македонија. Актуелниот шампион и бранител на Купот Фени Индустри беше пресилен за кумановчани кои го забележаа првиот пораз во првиот натпревар оваа година.
Кошаркарите утре против Фени Кошаркарите утре ќе го играат четврт-финалниот натпревар против екипата на Фени Индустри.
Ибрахимовиќ на шведка парична единица Шведскиот парламент во текот на 2011 година ќе одлучи кој ќе се најде на паричната единица од 200 круни, а еден од кандидатите е фудбалскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ.
Кошаркарите службено во четврт-финале Кошаркарите на Куманово осмина-финалната рунда од Куп натпреварите ја добија службено. Ултимејт Баскет од Прилеп се одкажа од натпреварувањето, па така кумановчани продолжуваат во втората фаза од натпреварите каде ќе се сретнат со актуелниот шампион и бранител на Купот на Македонија Фени Индустри.
Меморијален турнир во шах Во Домот на пензионерите се одржа традиционалниот десетти по ред меморијален турнур во шах „Трајко Илиевски-Берберин„ на кумановските пензионери.
Нова голема трампа во НБА Последните неколку дена во медиумите и НБА постојат шпекулации и голем број на математики околу новата голема трампа во која се вклучени три екипи и очигледно највеќе ќе профитира Њу Џерси. Во центар на внимание е ѕвездата на Денвер, Кармело Ентони.