Куманово прокоцка 18 поени предност против Соколи Кошаркарите на Куманово имаа можност да го совладаат Карпош Соколи на гостински терен, но не ја искористија шансата, и во продолжение загубија со резултат 98-95.
Утре ќе се игра натпреварот Карпош Соколи - Куманово Екипата на Куманово утре ќе го одигра првиот заостанат натпревар од Суперлигашкиот дел од сезоната против тимот на Карпош Соколи.
„Михајловски“ утре го пречекуваат Борец Баскет Кошаркарите на Михајловски мораа да го одложат натпреварот од 18.коло поради одигрувањето на мечот Куманово-МЗТ, па така утре во Спортската сала го пречекуваат тимот на Борец Баскет.
Случајот „Гошинце“ го одложи натпреварот Шкендија - Вардар Утрешниот дерби натпревар од 26.коло во Првата лига на Македонија, меѓу Шкендија и Вардар, што требаше да се игра во Куманово, е одложен.
Куманово Еуроспорт ќе игра против ФК Партизан Младинската фудбалска школа Куманово Еуроспорт - Вардар на 25ти и 26ти Април ќе учествува на меѓународен турнир Chin Chin Cup 2015 во Србија (Златибор).
Куманово дебитираше со победа против МЗТ Скопје Кошаркарите на Куманово одиграа одличен меч против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, победувајки со резултат 99-90.
Куманово во недела го пречекува МЗТ Скопје Кошаркарите на Куманово конечно ќе дебитираат во најсилното кошаркарско првенство, одкако одлучија да ја доиграат сезоната и покрај многуте спорни моменти кои се случија минатите две недели. Утре во Спотската сала гостува актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром.
КК Куманово: Ќе играме поради кумановскта публиката Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово донесе одлука да ја продолжи сезоната единствено поради кумановската публика, иако со тоа ја прифаќа неправдата која му се нанесува на клубот.
Арбитражната комисија ги прифати жалбите на Куманово Арбитражната комисија при МКФ ги прифати жалбите на Куманово, во кои се наведуваше дека не се исполнети услови за одигрување на второто коло од Супер-лигата.
Работнички во Втора лига, за Куманово сеуште се чека Поради вториот службен пораз на тимот од Градски парк, екипата на Работнички е исклучена од првенството и се сели во Втора лига, пренесува Македонски Спорт.
„Михајловски“ се вратија на победничките патеки Кошаркарите на „Михајловски“ ја забележаа првата победа во продолжението од сезоната.
Куманово и Работинчки на праг на испаѓање во Втората лига Кошаркарите на Куманово не го одиграа натпреварот од второто коло против тимот на Кожув. Драмата во македонската кошарка никако да почне да добива расплет.
Куманово сепак не игра против Кожув Кошаркарскиот клуб Куманово ја смени одлуката и реши да не го одигра натпреварот против Кожув.
Работнички не сака да игра против Соколи Драмата во Супер-лигата продолжува. Екипата на Работнички утре нема да игра против тимот на Карпош Соколи.
КК Куманово: Утре очекуваме полна сала против Кожув Кошаркарскиот клуб Куманово после целата драма со Карпош Соколи, утре истрчува на паркет каде што ќе ги одмери силите со екипата на Кожув.
Куманово ќе загуби со службен резултат од Соколи Екипата на Куманово и дефинитивно не допатува во Скопје каде што требаше да се одигра натпреварот со Карпош Соколи.