Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на родители за отварање на гимназија на албански јазик во Куманово, се закани дека ќе организира протести доколку Министерството за образование и наука наскоро не даде одобрение за создавање на новото училиште.
На денешната прес-конференција, родителите потсетија дека постапката за основање на новиот субјект, средно училиште - гимназија во зградата на поранешен ЗИК ја започнале пред 2 години. Во меѓувреме предлогот поминал на Совет на Општината, а исполнети се просторните услови, бројот на паралелките и наставничкиот кадар предвиден со законот.
- Од наши извори дознавме дека документот заглавил во министерството, а треба да помине на Седница на Влада. Потоа да се врати на општинските служби, кои треба да го реализираат барањето. Проблемот е во тоа што процесот се одолговлекува и го надмина нашето трпение, бидејќи целата работа трае над две години. Сакаме да го потсетиме министерот и неговите соработници да си ја вршат работата - вели Мемет Азири, претседател на Советот на родители.
Доколку од министерството не одговорат набрзо, родителите дополнително ќе се договорат за видот на протестите.
Владата треба да даде мислење врз основа на кое потоа Општината ќе постапува за отварање на новото училиште. Новото општинско средно училиште- гимназија на албански јазик ќе биде во зградата на ЗИК,а како посебен правен субјект ќе прерасне од диосперзираните паралелки на албански јазик од гиманзијата „Гоце Делчев„.