Голем дел од земјата и Куманово без струја
18.05.2025 08:50
| KumanovoNews
Повеќе градови во државата, меѓу кои и дел од Куманово, од ноќеска имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.

„На електродистрибутивната мрежа има дефект и нема електрична енергија во повеќето градови. Екипите на ЕВН се на терен, работат на отстранување на пречките. Не може да се предвиди кога ќе се санира дефектот и ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Има пад на далекуводната мрежа“, информираат од ЕВН Македонија.
Струја нема и во повеќе делови на Куманово. На „Октомвриска револуција“ околу 7.00 часот се нормализираше снабдувањето со електрична енергија, а нема ни интернет мрежа од одредени оператори.