Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца браќа од Куманово, ноќеска биле претепани во нивниот стан под кирија во населбата Аеродром, Скопје. Според полицијата, тројца напаѓачи дошле во станот околу полноќ и без причина почнале да ги тепаат.
Едниот од нив се закнувал и дека ќе ги убие, откако ги удирал со кундакот на пиштолот што го носел со себе. Напаѓачите по тепачката побегнале. Повредените момчиња биле пренесени во Ургентниот центар каде им биле санирани повредите. Полицијата трага по насилниците, а како мотив за нападот се претпоставува дека е љубовна врска со поранешна девојка на еден од напаѓачите.