„Не играј Англичани„ во Кумановскиот театар
13.04.2010 09:46
| KumanovoNews
Во петок во Кумановскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата "Нe играј на Англичани" од Владимир Ѓурѓевиќ во режија на Кирил Петрески.

Претаставата е извадена од секојдневниот живот на тројца пријатели. Ова е текст за една изгубена генерација на којашто и се распадна целиот свет, а на којашто ништо добро не и се случива, скоро дваесет години.
Сценографијата и костимите се на Бојан Маневски, а играат Димитрија Доксевски Ивица Димитријевиќ и Зоран Иваноски.