Отворена изложбата на Тони Чатлески
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ синоќа беше отворена изложбата на слики на авторот Тони Чатлески. Посетителите имаа можност да видат триесетина портрети i и пејсажи во масло на платно.

Мојот начин на гледање на сликарството е во насока на претставување на човековиот карактер во онаа ситуација во која се наоѓа. Во основа тоа може да се дефинира и како општата наша психолошка состојба во овие 20 години на транзиција. Со самото гледање на овие ликови и фигури се гледа тежината што македонскиот човек што ја преживеал во овие 20 години и се одразува и на психолошката состојба на самите луѓе. Со пејсажот ја гледаме поубавата страна на животот. Јас одам во крајност при сликањето, од она што ме разочарува и ми создава непријатно чувство, па до тоа што ме релаксира - вели авторот Чатлески.
Изложбата претставува ретроспектива на работата на авторот во изминатите 12 години, а во тек е изработка на нов циклус на слики.
Изложбата ќе биде отворен до 29 април.