Мени

Планирани прекини на струјата во Куманово и Старо Нагоричане

26.10.2026 08:38 | KumanovoNews

Неколку улици во Куманово и во село во Општина Старо Нагоричане ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Планирани прекини на струјата во Куманово и Старо Нагоричане

Денеска, од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од улицата „11-ти Ноември“, кај маркетот „Селман“, и дел од улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово.

Во Старо Нагоричане, во селото Стрезовце, денеска од 8 до 15 часот е планирана реконструкција на нисконапонската мрежа, во рамки на првата група.

Утре, на 27 октомври, од 8:30 до 15 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен за дел од улицата „300“, од магистралниот пат до чешмата.

Истиот ден, без струја ќе останат и жителите на улиците „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“ од 8.30 часот.