Мени

Програмите за вработување даваат резултати

12.04.2010 14:42 | KumanovoNews

128 граѓани на Куманово добиле вработување во 66 фирми со програмите што ги финасира Владата, а ги спроведува Центарот за вработување.

Програмите за вработување даваат резултати

 Претпријатијата шест месеци добиваат по 16.000  за секој вработен, а сопстевниците имаат обврска да ги задржат вработените наредната година.

 Предност имаа младите невработени до 27 години, самохраните родители, деца без родители и невработени од 55 до 64 години - информира директорот на центарот,Благе Јакимовски.

 За формализирање на постоечките бизниси се пријавиле 35 сопствници на фирми, а грант за кој обезбедува средства во висина од 3000 евра во суровини и репроматеријали се пријавели 238 лица.

 Според, најавите на надлежните од Центарот се очекува да стартува програмата за кредитирање за невработените лица за кои Владата одвојува 3000 евра неповратни средства