Пукал во куче, погодил девојче
16.04.2010 08:41
| KumanovoNews
Џ.Н. (10) од селото Виштица со повреди од сачми, завчера попладне била донесена во Кумановската болница.

По пријава на случајот во полицијата, извршен е увид на лице место при што било утврдено дека девојчето било повредено покрај својата куќа, кога Р.Г.(74) од истото село со ловечка пушка пукал во куче.При тоа сачмите удриле во фасадата на куќата, се одбиле и го раниле детето во половината и надлактицата. Кумановската полиција превзема мерки за расчистување на случајот, по што ќе поднесе соответна пријава против Р.Г..