Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Возило на службите што го расчистуваат снегот во градот вчера попладне удрило во електричен столб и го прекинал снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во месната заедница „Бајрам Шабани„.
- Екипите работат на санирање на проблемот и како што сме информирани од ЕВН до вечер дефектот би требало да биде отстранет и снабдувањето со струја да се нормализира - вели Филип Јакимовски, дежурен оперативец во Регионалниот центар за управување со кризи.
Снегот кој вчера и ноќеска паѓаше во градот не направи поголеми проблеми во функионирањето на сообраќајот. Улиците делумно се исчистени од снег и посипани се сол и ризла, исто како и магистралните и регионалните патни правци кои ја поврзуваат Општината со останатите делови на државата. Вината на снежната покривка во Општина Куманово изнесува 5 сантиметри.