Мени

Стрезовчани прославија 10 години зедничко дружење

18.05.2010 07:34 | KumanovoNews

 Викендов по десетипат се одржа традиционалната Стрезовска средба. Во ресторанот “Фрателис - Визиана” во селото Клечовце стрезовчани и нивните пријатели се собраа да се видат и заедно да се дружат.

Стрезовчани прославија 10 години зедничко дружење

 На јубиларната средба беа присатни повеќе од 100 гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ и владиката Горазд, кој потекнува од селото Стрезовце. Средбата помина во весела и пријатна атмосфера.