Мени

Да се намалат цените на училишниот прибор за 15 отсто, одлучи Владата

25.08.2026 17:52 | KumanovoNews

Со почетокот на новата учебна година, Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе важи до 30 септември.

Да се намалат цените на училишниот прибор за 15 отсто, одлучи Владата

Со одлуката, трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека трговците на мало треба да обезбедат намалување од најмалку 15 отсто.

„Мерката опфаќа производи неопходни за почетокот на учебната година – ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст-маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни, како и материјали за изработка. Практично, сите производи потребни за почетокот на учебната година“, велат од Владата.

Трговците се должни, покрај новата, намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена што важела на 1 јуни 2026 година. Токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето.

Од Владата велат дека намалувањето на цените на училишниот прибор е уште еден чекор во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните и намалување на притисокот врз семејниот буџет.