Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На автопатот Куманово- Скопје, пред наплатната рампа на Романовце, полицијата денеска попладне запленила поголема количина на дрога.
Како неофицијално дознаваме се работи за 60 килограми марихуана, која била откриена во две патнички возила со скопски регистарски таблички од кои едната била сина астра а другото црвен голф. Дрогата била спакувани во педесетина паковки, прелепино се селотејп трака.
Под голема полициска контрола од страна на специјалните единици, увидот траеше до доцна попладне. Сите кои во тоа време патуваа по автопатот можеа да ја видат запленетата дрога на коловозот. Полицијата ја почнала акција и во липковското село Слупчане, а продолжила во Куманово.