Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клубот на жени на општинската организација на СДСМ во понеделник организира трибина на тема „Закон за јавни службеници, нарушување на работничките права„.
На трибината ќе учествува пратеничката Цветанка Иванова, претседателка на Клуб на жени на СДСМ, Ана Павловска професор на Правниот факултет и Гордица Бошковска-правен застапник на Сојузот на синдикати во Куманово и претседателка на Мобинг здружението.
Законот за јавни службеници е предвиден во националната програма за усвојување на правата во Европската унија.Еден од условите кои имаат особена важност за пристапување и како стратешка цел на државата е исполнувањето на критериумите за модерен, професионален и ефикасен систем на јавната администрација. По програмата на ГРЕКО (Група на држави против корупција во советот на Европа беше формирана група за подготовка на законот за јавни службеници-бработени во образование,здравство,култура,наука,труд и социјална работа,социјална заштита,установите,фондовите,агенциите,јавните претпријатија основани од државата и општините кои не се опфатени со законот за државни службеници.Предлогот на Законот содржи 83 одредби групирани во 10 целини и тоа општи одредби, заедничко начело на јавни службеници, вработување, права и должности, одговорност,о ценување, престанок на вработување, заштита на одлучување за правата и обврските на јавните службеници,регистар за јавни службеници,и преодни и завршни одредби -вели Драгица Велковска координаторка на Клубот на жени на СДСМ.
Според Велковска минатата година во јавна администрација имало над 100.000 вработени меѓу кои повеќето биле жени.Промените и измените кои ги предлага овој предлог закон длабоко навлегува во нарушување на работничките права.
Тибината започнува во 19 часот во просториите на поранешен комитет и можат да присуствуваат сите заинтерсирани граѓани.