Филмот „М“ од понеделник во кино „Козјак“ во Куманово Филмот „М“ на Вардан Тозија ќе се прикажува во МКЦ „Козјак“ Куманово, почнувајќи од понеделник 16 октомври и ќе продолжи во наредните денови, додека има интерес од публиката. Премиерата на филмот беше во јули годинава, а во него меѓу другите настапуваат и популарните кумановци Сашко Коцев и Тони Михајловски.
Близу 14 илјади граѓани добиле опомени за неплатен данок за лани од Општина Куманово Општина Куманово минатата недела доставила 13.974 опомени за неплатен данок на имот на физички лица за 2022 година. Вредност на неплатениот данок изнесува 25.363.140 денари, односно нешто повеќе од 412 илјади евра.
„КуманиУм“ ги забави и разигра најмалите во Куманово (галерија) Неколкучасовна забава за нашите најмали сограѓани, насловена како „КуманиУм“ вчера се одржа пред Центарот за култура во Куманово, по повод 11 Октомври.
Голем пожар во зградата на поранешен „Кристал“ (видео) Голем пожар денеска (среда) напладне избувна во напуштената зграда на поранешниот хотел „Кристал“, во центарот на Куманово. Според очевидци и пожарникарите, гореше ѓубре во приземјето на објектот, кое најверојатно намерно е запалено.
Димитриевски упати честитка по повод Денот на народното востание Градоначалникот Максим Димитриевски упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод Денот на народното востание - 11 Октомври.
Спасовски со честитка за 11 Октомври Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува честитка по повод 11 Октомври Денот на македонското востание.
Голема посетеност и интерес за изложбата на олтајмери во Куманово (галерија, видео) Над 60 олтајмери денеска беа изложени на градскиот плоштад во Куманово, што предивика голем интерес и воодушевување кај посетителите. Ваква изложба за првпат се организура во градот, а покрај локални излагачи имаше и гости од Скопје, Велес, Кавадарци, Свети Николе, но и од Врање и Ниш.
Во Куманово се одржа централната прослава за 11 Октомври Под мотото „Непокор и слобода" денеска на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово се одржа централната манифестација на прославата на 11 Октомври - Денот на народното востание.
Градот првоборец - Куманово го празнува Денот на народното востание Македонија и градот првоборец, Куманово, денеска одбележуваат 82-години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Свечена седница по повод 11 Октомври одржа Сојузот на борците во Куманово По повод празникот 11 Октомври, денеска во кружната сала на Комитет свечена седница одржа Сојузот на борците од Куманово.
Централната прослава за 11 Октомври ќе се одржи на Спомен костурницата во Куманово Под мотото „Непокор и слобода" , утре со пригодни настани ќе го одбележи државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание.
Здружението Онлајнмедиа бара и предлага конкретни решенија за законска регулација на онлајн медиумите За почеток, нужни се промени во Законот за медиуми, во Законот за авторски и сродни права и во Изборниот законик.
Прва изложба на олдтајмери на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово утре за првпат ќе се одржи изложба на олдтајмери, возила постари од 30 години, која се организира во чест на празникот „11 Октомври“.
Започнa со работа Центарот за поддршка во учењето на ученици со попреченост во „Браќа Миладиновци“ Во посебни простории во ООУ „Браќа Миладиновци“, на ул. Тане Георгив, во поранешното училиште Карпош, започа со работа Центарот за поддршка на ученици со попреченост на кои ќе им се помага во учењето. започнува со работа Центарот за поддршка на ученици со попреченост на кои ќе им се помага во учењето.
Утре ќе одржи првата Кумановска суџуклијада, целодневна забава за посетителите во Касапски круг За прв пат годинава се организира гастрономската манифестација „ Кумановска суџуклијада“, која има цел да го промовира најпознатиот кумановски бренд, суџукот и колбасите. Замислена е како целодневна забава во популарниот Касапски круг, која ќе започне во 15 часот и ќе трае до крајот на работното време на угостителите.
Димитриевски ја промовираше новата партија „Знам“ Градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, синоќа во Скопје ја промовираше новата партија „Знам“. Во хотелот „Холиде ин“ беше потпишана иницијативата за формирање на партијата од претставниците на 10 граѓански здруженија. Со тој чин се дава поддршка движењето да прерасне во политички субјект.