Општина Куманово одвои 150 илјади денари за старите занаети Еднократна помош од 10 илјади денари добија 15 занаетчии кои ја негуваат традицијата и ги чуваат од изумирање старите занаети во Куманово. Помош е доделена на грначи, крзнари, кондурџии, опинчари, везилки и други занаетчии.
Повреден градежен работник од Куманово Кумановец вчера се здобил со тешки повреди додека извршувал градежни работи на објект во изградба во Скопје.
Училиштето „Перо Наков“ носител на проектот „Мисли глобално, делувај локално“ Средното општинско училиште „Перо Наков“ е носител на проектот „Мисли глобално, делувај локално“, од програмата Еразмус плус, финансиран од страна на Национална агенција за образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.
Два нови и 5 активни случаи на ковид-19 во Куманово Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 3 дена на ниво на државата регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.257 тестови.
„Ван Гог“ и „Ареа“ ѕвезди на годинешниов „Мото рок фест“ во Куманово Рок групите „Ван Гог“ и „Ареа“ се ѕвезди на годинешново издание на „Мото рок фест“, кој во сабота ќе се одржи на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.
Поскапуваат горивата, дизелот достигна 102 денари за литар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати за 1,3 отсто, при што бензините поскапуваат за половина и еден денар, а дизелот за 2,5 денари.
Поскапе автобускиот превоз Куманово - Скопје Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово - Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше билетот во еден правец, сега патниците мора да платат 170 денари. Во двата правци тоа се 340 денари. За 24 работни денови секој патник треба да издвои 8160 денари.
Куманово има 12,5 илјади празни станови или една третина од вкупниот број Куманово, како најголема општина во земјава со 98.104 жители има околу 12,5 илјади празни станови или 33 проценти од вкупниот број.
Агенцијата за приватно обезбедување „Магнум“ отвори канцеларија во Куманово Од минатата недела започна со работа претставништво на Агенцијата за приватно обезбедување на лица и имот „Магнум“ во Куманово.
Ученици од „Крсте Мисирков“ учествуваат на Меѓународен фестивал на детско творештво во Панонија Учениците од седмите одделенија од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово учествуваат на 14. Меѓународен фестивал на детското творештво „На крилјата на детството“ во Панонија, Бачка Топола, Република Србија.
Повозрасен пешак повреден во сообраќајка во Куманово Повозрасен пешак се здобил со сериозни повреди откако во него удрил автомобил на улица во Куманово.
Ново поскапување на бензините, цената на дизелот не се менува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати за 1,46%, при што бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,5 денари/литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Привршува реконструкцијата на патниот правец Куманово - Страцин, објави Митрички „Се наоѓаме на патниот правец Куманово- Крива Паланка, односно на делницата Куманово - Страцин, кој е дел од Коридорот 8, каде деновиве течат завршните работи како дел од рехабилитацијата на овој исклучително важен правец, како за бизнис заедницата така и за жителите на Куманово“, изјави портпаролот на СДСМ Куманово, Александар Митрички.
По двегодишна пауза повторно се одржува „Малински фото фестивал“ Фестивалот на уметничка фотографија „Малински фото фестивал“ ќе се одржи по седми пат Куманово и Крива Паланка, во организација на Фото клуб Куманово. По две години пауза љубителите на фотографската уметност ќе уживаат во богатата тродневна програма.
Повреден пешак во Матејче Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково.
Фабрика во Прешево го загадува воздухот во Куманово Фабрика која се наоѓа во близина на македонската граница на територија на Србија го загадува воздухот во Куманово. Откако вчера алармиравме за проблемот, денеска надлежните од Општина Куманово велат дека интервенирале на терен и дошле до сознанија од граѓани, дека во вечерните и утрински часови облак на црн чад се спушта на македонска територија.