Мени

Училиштето „Христијан Карпош“ го одбележа 3 Декември - Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Училиштето „Христијан Карпош“ го одбележа 3 Декември - Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Во просториите на ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово се одржа централната локална манифестација по повод 3 Декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Гости на манифестацијата беа дечиња од училиштата „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“, а посебно внимание беше посветено на дечињата од НВО Дневен центар за грижа на деца со даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје, кои имаа своја настап.

Јапонската амбасада донираше кардиолошки ехо апарат од 60 илјади евра на Општата болница Куманово

Јапонската амбасада донираше кардиолошки ехо апарат од 60 илјади евра на Општата болница Куманово

Интерното одделение во Општата болница Куманово доби кардиолошки ултразвучен апарат во вредност од 59.094 илјади евра донација од Јапонската Влада. Апаратот се користи на интензивната нега за откривање на интерните болести.

Ученици и наставници од три средни училишта пошумуваа на Спомен костурницата

Ученици и наставници од три средни училишта пошумуваа на Спомен костурницата

Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, заедно со дваесетина наставници учествуваа на еко-акција во паркот на Спомен костурницата во Куманово, по 5 Декември - Меѓународниот ден на волонтеризмот. 

Се доставуваат решенијата за данок на имот на граѓаните за 2022 година

Се доставуваат решенијата за данок на имот на граѓаните за 2022 година

Општина Куманово започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за физички лица за 2022 година. Решенијата се доставуваат преку пошта на домашна адреса, а постапката треба да заврши до крајот на наредната недела.

Новинарите на средба со новиот началник на СВР Куманово

Новинарите на средба со новиот началник на СВР Куманово

Продолжување на добрата соработка и поголема транспарентност во интерес на јавноста беше договорена на брифингот на новинарите од локалните медиуми и дописниците со новиот началник на Кумановската полиција, Бранко Ракиќ.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина против родово базирано насилство

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина против родово базирано насилство

 Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово организираше трибина во Занаетчискиот дом во Куманово на тема „Кажи НЕ на насилството над жената и семејното насилство“. Трибината се одржа по повод меѓународна кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Владата на СДСМ вложи над 120 милиони евра во Куманово и околината, кажа Ковачевски

Владата на СДСМ вложи над 120 милиони евра во Куманово и околината, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, синоќа во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, пред членовите и и коалиционите партнери дадe отчет за сработеното во изминатите 10 месеци, и ги најави плановите и развојните стратегии за идната 2023 година.

На наредните избори ќе ја поправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, порача Тушевски

На наредните избори ќе ја поправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, порача Тушевски

Кумановци беа прелажани од подлата игра на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на наредните избори ќе ја исправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, а Димитриевки и ВМРО ќе ги вратиме таму каде што им е местото во политичка пензија, порача Александар Тушевски, претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, која синоќа се одржа во Центарот за култура во Куманово.