×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Обединети и сложни во недела да го поддржиме Оливер Илиевски за модерно и зелено Куманово

    Спасовски: Обединети и сложни во недела да го поддржиме Оливер Илиевски за модерно и зелено Куманово

    Кумановци се секогаш на вистинската страна, а тоа ќе го докажеме и во недела на 31-октомври кога ќе излеземе сите на гласање и ќе го поддржиме Оливер Илиевски за градоначалник на општина Куманово. Со Илиевски ќе имате европски квалитет на живот во општина Куманово, порача Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ на средба со граѓаните во Куманово.

    Илиевски најави целосна гасификација на Општата болница Куманово

    Илиевски најави целосна гасификација на Општата болница Куманово

    Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата одржа прес-конференција пред Општата болница Куманово и најави целосна гасификација на оваа јавна институција, како клучен проект од програмата „Најдоброто за Куманово.

    Димитриевски најави изградба на нов објект за гимназијата „Сами Фрашери“

    Димитриевски најави изградба на нов објект за гимназијата „Сами Фрашери“

    Tрајно решавање на проблемот со објектот на гимназијата „Сами Фрашери“ и на техничкото училиште „Наце Буѓони“, со настава на албански јазик, најави независниот кандидат за градоначалник на Куманово, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.   Тој обвини дека актуелната власт предводена од ДУИ веќе 20 години раководи со Министерството за образование и досега и не го решила проблемот, па сега предизборно излегуваат со лажни ветувања.

    Мургашанска: Во недела гласајте за број 12 и за Оливер Илиевски - да не дозволиме градот да го водат поединци под капата на ВМРО

    Мургашанска: Во недела гласајте за број 12 и за Оливер Илиевски - да не дозволиме градот да го водат поединци под капата на ВМРО

    СДСМ на овие локални избори го има најголемиот предизвик - да победи два кандидати од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кажа на денешната прес-конференција идната советничка и носителка на листата на СДСМ Атина Мургашанска.  

    Протест на сопствениците на култиватори

    Протест на сопствениците на култиватори

    Дваесетина превозници на култиватори денеска излегоа на мирен протест пред општина Куманово, откако градоначалникот Максим Димитриевски, најави нивно отстранување од сообраќајот. Граѓаните одбија барањата да ги достават во општината, нагласувајќи дека култиваторите се нивен единствен начин за егзистенција.

    Илиевски: Димитриевски си праќа пораки самиот себеси и потоа јавно ги објавува

    Илиевски: Димитриевски си праќа пораки самиот себеси и потоа јавно ги објавува

    Целокупниот четиригодишен мандат на противкандидатот Димитриевски беше еден театар и тоа граѓаните на Куманово добро го знаат. Театарот продолжува и во оваа изборна кампања каде што тој прави прекршоци а се снима, си праќа пораки самиот себеси, потоа ги објавува јавно, истакна кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, по прес конференцијата на иницијативата „За наше Куманово“.

    Павловски обвини дека нивна активистка добивала пораки со смртни закани за нејзиното дете

    Павловски обвини дека нивна активистка добивала пораки со смртни закани за нејзиното дете

    Згрозени сме од начинот на функционирање на поединци кои имаат за цел да се закануваат по човечки животи и да ги плашат нашите активисти. Погледнете ги следниве пораки кои се испраќани целиот овој изминат период на жена активист за нејзиното дете во време на кампања за локални избори, кажа идниот советник Николај Павловски од граѓанска иницијатива „За наше Куманово“.

    Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ, порача Костовски

    Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ, порача Костовски

    „Социјалдемократите не се претставуваат лажно, напротив тука сме, меѓу своите граѓани со кои дури и кога е најтешко, стоиме на браникот на вистината. Ние граѓаните не ги делиме по ниту една основа, ниту ги манипулираме со ширење на лаги и невистини како што некој тоа сака да го претстави во јавноста“, рече на прес- конференција, Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ од Куманово.

    Уапсен 25-годишен кумановец осмничен за кражба во семејна куќа

    Уапсен 25-годишен кумановец осмничен за кражба во семејна куќа

    Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 20.09.2021 од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети. 

    Павловски: Црната пропаганда не стивнува

    Павловски: Црната пропаганда не стивнува

    Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски на денешната прес-конференција информираше дека цело Куманово е преплавено со флаери со негативна содржина за нарушување на угледот на независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.