Михајловски: Ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово Денеска започнува кампањата за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните.
Кумановка измамена за 2.300 евра - платила да се укине пресудата на син и Повозрасна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2300 евра.
Нудиме прогресивна програма со реално остварливи проекти, најави Димитровска Авангардноста и прогресивноста на движењето коешто го застапувам како кандидатка за градоначалничка на општина Куманово, се огледа токму од фактот дека јас како најмлада сум кандидирана да бидам претставник во една од најголемите општини во нашата држава, кажа на денешната прва прес конференција на почетокот на кампањата, кандидатката за градоначалничка од ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска.
„За наше Куманово“ на конвенција ќе ги претстави кандидатите за градоначалник и советници Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ вечер ќе одржи предизборна конвенција на која ќе ги претстави кандидатот за градоначалник и листата на советници. Конвенцијата ќе одржи на Градскиот плоштад со почеток во 19.30 часот.
СДСМ денеска ќе ги промовира кандидатите за градоначалник и советници во Куманово Општинската организација на СДСМ и коалицијата, денеска попладне ќе ја започне кампањата за локалните избори со претставување на кандидатот за градоначалник и советничката листа пред граѓаните на Куманово.
Денеска започнува изборната кампања за локалните избори - ќе трае до 15 октомври Изборната кампања за локалите избори закажани за 17 октомври почнува денеска (27 септември) и ќе трае 20 дена, односно до 15 октомври пред полноќ.
Во Куманово починаа уште 5 лица од коронавирус на возраст од 57, 67, 70, 72 и 82 години Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска се регистрирани петмина починати и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово. Ова е најголем број на починати во еден ден во изминатиот месец.
Се одржа Меѓународниот саем „Органска трпеза“ во Куманово Над 130 производители на органска храна од Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија и Македонија се претставија на годинешниов Меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ во Куманово.
Приведени три лица поради тепачка Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19.30 часот ги лишиле од слобода А.М.(22), В.М.(31) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка, а Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Од 2022 општините ќе добиваат повеќе пари од ДДВ и персонален данок Општините од наредната година ќе добиваат повеќе пари од даноците кои ги собира државата. Со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој помина на владина седница и ќе биде поднесен на усвојување во Собранието, се предвидува повеќе пари да се влеваат во општинските каси од персонален данок и од данокот на додадена вредност (ДДВ).
Мото-рок фест денеска на спортскиот аеродром Аџитепе На спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, денеска ќе се оддржи Мото-рок Фест во организација на мото-клубот Мечки.
Уште двајца починати и 40 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последното деноноќие регистрирани се 525 нови случаи, а направени се 3.858 тестирања на ковид-19.
На фер избори се обврзаа кандидатите за градоначалник на Куманово Петмината кандидати за градоначалник на Општина Куманово денеска го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер локални избори и се обврзаа дека во текот на предизборната кампања ќе ги почитуваа пишаните и непишаните правила за фер плеј.
Притвор за очната докторка која примала поткуп и ја злоупотребила службата Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против очната лекарка од Куманово Е.С.(51) поради постоење на основано сомневање дека ја злоупотребувала службената положба за примање поткуп.
Неџат Акифи нов координатор на Регионалниот центар на ЗНМ Неџат Акифи, дипломиран новинар и долгогодишен професионалец во МРТВ и ТВ Феста е избран за координатор на ЗНМ за Североисточниот регион. Акифи доби едногласна поддршка од колегите - членови на Здружението на новинарите на Македонија, кои присуствуваа на регионална средба на ЗНМ и ССНМ со новинарите и медиумски работници од Куманово.
Трета доза вакцина за постари од 60 години и за здравствените работници, кажа Филипче Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза вакцина да добијат сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација.