Општина Крива Паланка го објави конкурсот за наградите по повод Денот на ослободувањето „8-ми Октомври“ Наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година и годинава ќе бидат доделени на заслужни поединци и правни лица, по повод Денот на ослободувањето на oпштината.
Нападнат и ограбен кумановец на „Индустриска“ Едно лице е повредено откако утринава било нападнато и ограбено од две лица на улицата „Индустриска“ во Куманово.
Шеесет и прва седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се шест точки, а ќе се расправа за финсиски извештаи, извештаи за работа, годишен план за вработување, формирање на младиснки совет и доделување на финсиска помош на семејствата на починатите во ковид-болницата во Тетотво.
Дизелот поевтин за 1,5 денари, бензините по иста цена Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.
Крводарителска акција во Центарот за култура во Куманово Општинска организација на Црвен крст Куманово утре организираа крводарителска акција во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Акцијата ќе се одржи од 9 до 15 часот.
Во Табановце пронајден мртов 20-годишен Сириец Дваесетгодишно момче, државјанин на Сирија вчера попладне е пронајден мртов во близина на селото Табановце. На телото на момчето нема траги на насилство.
Казнети 24 возачи за пребрзо возење во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територијата на СВР Куманово санкционирани се 24 возачи.
Попишани над еден милион граѓани Еден милион граѓани се попишани за две недели откако почна пописот на населението, домаќинставата и становите. Како што соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС) до 15 часот денеска се попишани 1.000.034 лица.
Двајца починати и 15 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.015 тестирања.
Уште тројца починати и 52 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 539 нови случаи на ковид-19, а направени се 5.589 тестирање. По градови во:Скопје – 274, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Кумановец од обични патики создава вистински ремек-дела Александар Спасиќ, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје, светскиот тренд на персонализирани патики го донесе во Куманово. Овај исклучителнo талентиран уметник од обичните патики прави вистински ремек-дела. Тој слика од задоволство, а вели дека му претставува огромна чест кога некој сака го носи неговото дело како дел од неговиот имиџ.
39-годишно лице меѓу тројцата починати од коронавирус во Куманово Три лица од Куманово починаа поради компликации од коронавирус. Во денешната црна ковид статистика најмладата жртва е на 39 години, додека останатите двајца на 69 и 84 години. Од Министерствот за здравство соопштуваат дека новозаболени се 49 лица. Во моментот во Куманово се активни 914 случаи.
Без модуларните болници ќе ни се случеше италијанското сценарио, кажа Филипче Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања за неопходноста од модуларните болници.
Пристигна бугарската донација од 50 илјади вакцини „Фајзер“ Пристигнаа 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини донација од соседна Бугарија. Како што соопшти Минситертсвото за здравство, веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.
Целодневен фестивал на Спомен - Костурницата ќе го обележи крајот на летото На Спомен-Костурница, утре со почеток во 11 часот ќе започне културно-музичка манифестација во организација на Wire Entertainment, независна музичка издавачка куќа од Куманово.
Попишани над 800 илјади граѓани Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.