Владата го продолжи рокот за аплицирање за субвенции на земјоделците, кажа Арсиќ
Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции
оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите
земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка
со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот
развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На
седницата одржана пред неколку дена Владата го прифати барањето, кажа
Саша Арсиќ, советник во Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.