Неексплодирана граната пронајдена во Черкеско село Во полицијата било пријавено дека неексплодирана граната е пронајдена во селото Черкезе.
Протестираа дел од вработените во „Чистота“, два дена не го собираа ѓубрето во Куманово Два дена протестираа вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, кои работата на собирање и изнесување на сметот, незадоволни од условите во кои работата и односот кон нив.
На четири локации во Куманово утре ќе се собира кабаст отпад ЈП „Чистота и зеленило“ утре организира акција за собирање на кабаст отпад на четири локации во градот.
Околу 100 килограми небезбедно месо и месни преработки се уништени во Куманово Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништиле инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при вонредниот инспекциски надзор во повеќе ресторани, месарници и маркети.
Близу 4 милиони евра ќе добие Куманово преку владината програма за инфраструктурни проекти Речиси 243 милиони денари, односно близу 4 милиони евра ќе финансиска помош ќе добие Општина Куманово преку владината програма за инфраструктурни проекти.
Пет нови случаи на голема кашлица во Куманово Се уште има активни случаи на пертусис-голема кашлица во Куманово, иако ситуацијата на национално ниво се смирува, вели д-р Јадранка Стаменковска, специјалист епидемилог во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Воздухот во Куманово најмногу го загадува грењеето на дрва, а потоа сообраќајот, покажале мерењата на Штипскиот факултет Домаќинствата кои се загреваат на цврсто гориво се најголем загадувач на амбиенталниот воздух во Општина Куманово.
Приведен кумановец кој напaднал полицаец Дваесет и шестгодишен кумановец е приведен во полицска станица затоа што нападнал полицаец додека бил на работа.
Оштетени новите патеки во Градскиот парк, не помaгаат ни заштитни ленти ни чувари Несовесни граѓани поминуваат пешки, со велосипеди и мотори, и ја оштетуваат новата подлога на патеките во Градскиот парк во Куманово.
Изложба на Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово Во Изложбениот салон на НУЦК ”Трајко Прокопиев” – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе.
Се уште не e исправна за пиење водата од големата цевка на чешмaта во Проевце Водата од „големиот“ чеп во Проевце се уште е неисправна за пиење, поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosа. Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) презело повеќе мерки за нејзино уништување, но досегашните обиди не вродиле со успех.
Кумановскиот музеј мапира нови археолошки локалитети во регионот Екипа од Кумановскиот музеј, од средината на септември работи на рекогносцирање, односно мапирање на археолошки локалитети во Кумановскиот регион.
Планинарите на „Козјак 2013“ пошумуваа падини и маркираа патеки додека се искачуваа на врвот Китка Здружението за планинарење и заштита на природата „Козјак 2013“ од Куманово го одбележа 11 Октомври, со искачување на врвот Китка, на надморска висина од 1.211 метри на планината Козјак .
Уште една измама со огревно дрво, пензионер останал без 16.000 денари Во Кумановската полиција вчера била пријавена нова измама со огревно дрво.
Повредена девојка, по судар на мопед и тротинет во Куманово Деветнаесет годишна девојка е поврдена по судир на мотоцикл со тротинет, кој го управувал малолетник. Несреќата се случила вчера во 18.40 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово.
Нарачани се 2.500 бесплатни вакцини против сезонски грип за жителите на Куманово Вакцинацијата против сезонски грип се очекува да започне следната недела во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово.