Без струја повеќе села и делови на градот Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаа потрошувачите на повеќе кумановски села и делови од градот.
Форум на жени на СДСМ донираше постелнини во Кумановската болница Форум на жени на СДСМ Куманово, донираше постелнини во Општата болница Куманово.
Биди подготвен за безбедно патување во зима, препорачаа надлежните за безбедностa во сообраќајот Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, денеска со делење на флаери на возачите, спроведе кампања за користење на зимска опрема на патиштата.
Еден починат, 28 новозаболени и 31 оздравен од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 865 нови случаи, од 2.889 тестирања, а починале 25 пациенти од компликации на коронавирус.
Строименовска: Владата обезбеди 8 милиони евра за културните работници вон институциите Владата со новиот сет мерки во вредност од околу 8 милиони денари, им излезе во пресрет на повеќе субјекти погодени од коронакризата, воглавно културни работници кои не се институционално вработени, рече на денешната прес-конференција, Милена Строимановска од СДСМ.
Изложба на слики на авторот Влатко Тасевски Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, од утре па до 25- декември ќе биде поставена изложбата на сликите на авторот Влатко Тасевски.
Тројца починати, 40 новозаболени и 53 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа регистрирани се уште тројца починати пациенти, 40 новозаболени и 53 оздравени од коронавирус.
Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на експертска влада Република Македонија е прва во регионот по број на жртви од ковид-19 на милион жители население, а петта во цела Европа по однос на оваа категорија, а виновник за оваа катастрофа во којашто се наоѓа државата е Владата на Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.
Од петок кафулињата и кафеаните ќе работат до 18 часот, одлучи Владата Од петок до 21 јануари кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот, одлучи Владата. Како што информираше премиерот Зоран Заев оваа мерка се воведува за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници.
Благ пад на хоспитализираните болни од коронавирус во Куманово Во ковид-центрите во Општата болница во Куманово последнава недела се забележува благо намалување на бројот на хоспитализирани болни од коронавирус.
Во Куманово нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, кажа Димитриевски Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека Куманово нема да ги смени спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што над 1000 борци ги дале своите животи за денешната слобода.
Бригадата на Југоисточна Европа донираше заштитна опрема за Кумановската болница Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа, кој престојува во касарната „Боро Менков“ во Куманово, обезбеди помош во заштитна опрема за Општата болница Куманово.
МВР апелира до граѓаните да не користат петарди - употребата и продажбата на пиротехнички средства е казнива МВР ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Цените на горивата се зголемуваат Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените за горивата во просек за 0,82 денари, кои ќе стапат на сила вечерва по полноќ.
Во Куманово започна вакцинацијата со комерцијална вакцина против сезонски грип Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска започна вакцинацијата со комерцијална вакцина против сезонски грип.
Кафеаните и кафулињата да работат до 18 часот, предлага Комисијата за заразни болести Од 18 декември до 21 јануари кафулињата и рестораните да работат до 18 часот наместо до 21 часот, е новиот предлог на Комисијата за заразни болести, кој денес ќе ѝ го препорача до Владата за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници.