Вработените во Центарот за култура донираа постелнина и средства за хигиена во Општата болница Куманово Вработените од Центарот за култура во Куманово од сопствени средства донираа постелнина, средства за хигиена и друг потрошен материјал во Општата болница во Куманово.
Пронајдена стара неексплодирана граната во Драгоманце Пронајдена е стара неексплодирана рачна граната во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.
Занатскиот дом во Куманово обоен портокалово - да се спречи насилството врз жените и девојчињата Со осветлување на Занатскиот дом во портокалова боја, Општина Куманово се приклучи на кампањата „Кажи Не на насилството врз жени и девојчиња".
Божиновски го повика Димитриевски да дојде на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на историјата на државата Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, да се приклучи на протестот на неговата партија во одбрана на историските факти на државата, откако првиот човек на градот во повеќе наврати преку социјалните мрежи изрази незадоволство и протест против омаловажувачкото однесување на бугарските политичари во однос на постоењето на македонската држава и идентитет.
Без вода шест локации во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе бидат потрошувачите на повеќе локации во градот.
Вторник неработен ден за сите граѓани Осми декември - Ден на „Св. Климент Охридски” е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизацијата почнува следната недела Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест во Куманово ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протес во 15 градови ширум државата.
Во Куманово тројца починати, 60 новозаболени и 111 оздравени Во последните 24 часа регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19, а направени се 3012 тестирања.
Две лица пријавиле дека се нападнати во Центарот за социјални работи Куманово Во Кумановската полиција вчера две лица пријавиле дека биле нападнати во Центар за социјални работи Куманово.
Банките да воведат редарски служби заради безбедност на клиентите, побара Кризниот штаб Банките и други правни субјекти коишто вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби кои ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти со цел да се почитуваат мерките и препораките за заштита од ковид -19 со почитување на дистанца на клиентите, препорача кризниот штаб на денешниот состанок.
Ретроспективна изложба на Мирослав Трендафиловски во Центарот за култура Ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“, во ќетврток ќе биде поставена во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на буџет на Куманово за 2021 година Граѓаните на Општина Куманово од денеска можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.
Во Куманово 10 новозаболени од ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, а направени се 1181 тестирања.
Прекинати мерките за заштита од загадениот воздух во Куманово Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци, кои беа воведени во саботата кога беше констатирано дека два дена по ред беше регистррана загаденост на воздухот над максимално дозволените вредности.
Куманово ќе добие регионален центар за средно стручно образование и обука Во Куманово ќе се создаде еден од трите регионални центри за средно стручно образование, откако ќе се воспостави нов концепт на средното стручно образование, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Никако да се опаметиме... Оваа колумна, иако по подолга пауза, се совпаѓа токму по сто дена власт... Виктор Божиновски