Куманово ќе добие градска куќа Некогашен хотел „Солун“ на улицата Иво Лола Рибар“, во која сега е сместен Клубот на ветерани, ќе стане градска куќа. Реконструкцијата на објектот ќе започне до крајот на октомври и ќе трае 6 месеци.
Нема место на инфективното одделение во Куманово, во Скопје ќе се носат новозаболените пациенти Нема места за прием на нови пациенти со ковид -19 на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Нови 13 заболени од коронавирус во Куманово, 364 во државата Во последните 24 часа регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19, а направени 2140 тестирања.
Носење на маски на отворено, забрана за семејните собири, препорачува Комисијата за заразни болести Да се забранат семејните собири, слави и прослави во домови, а маска задолжително да се носи секаде, предлага Комисијата за заразни болести како нови мерки за заштита од ширење од коронавирусот.
Ќе продолжи поставувањето на „лежечки полицајци“ во Куманово Општина Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини на повеќе локации во градот и покрај противењето на дел од граѓаните, најави градоначалникот Максим Димитриевски.
Приведени седум дилери, запленето оружје, лабoраторија за дрога, хероин и марихуана Oсум парчиња оружје, лабораторија за дрога, хероин и марихуана, запленила вчера полицијата во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје. Притоа се приведени 7 лица од Кратово, Велес и Струмица.
Ќе се гради амфитеатар и спортски терени на просторот околу Спомен-костурницата во Куманово Со средства добиени преку проект на ЕУ за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане, ќе се уредува комплексот околу Спомен-костурницата во Куманово. Проектот предвидува партерно уредување на просторот, засадување зеленило и поставување нова урбана опрема.
Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово, рекордни 317 во државата Во последните 24 часа регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19, а направени се 1990 тестирања.
Средношколци протестираа против онлајн настава Стотина ученици, главно средношколци, денеска протестираа пред Општина Куманово, барајќи да одат на училиште, а не да следат онлајн настава.
Кумановец позитивен на ковид-19 побегнал од болницата „8 Септември“ Пациент од Куманово кој бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа побегнал од болницата.
Бомби кашикари и рамки за автоматска пушка најдени во Лопате На стариот пат кон селото Лопате, вчера во 16.45 часот биле пронајдени пет бомби-кашикари, како и две рамки за автоматска пушка завиткани во најлонска кеса.
Десет новозаболени и 13 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 10 новозаболени и 13 оздравени од коронавирус.
Сузбиена организирана криминална група која криумчарела мигранти Уапсена е шестчлена криминална група, која што криумчирала мигранти. Тие заедно со грчки колеги им помагале на мигрантите нелегално да ја поминат границата, а потоа ги носеле во кумановско-липковскиот регион
Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово Во координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесena e одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест.
Автобускиот превоз сардисан од проблеми, корона кризата дојде како капак на сè Празна чекална со по некој граѓанин што набрзина ќе го купи својот автобуски билет на билетарата и веднаш ќе се упати кон пероните. Ваква е сликата на автобуските станици во државата.
Театар Славија со „Женски разговори“ на Денови на комедија Претставата „Женски разговори“ на Театар „Славија“ од Белград, по текст на Душко Радовиќ, а во режија на Небојша Дугалиќ, вечерва ќе гостува на Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија во Куманово.